Зошто згрижување?
Згрижувањето е многу повеќе од обезбедување дом за дете – тоа е можност да му подарите љубов, поддршка и сигурност на дете кое се соочило со несигурност, загуба или траума.
Во згрижувачко семејство, детето добива безбедна и топла средина каде што може да се чувствува сакано и заштитено. Ова му помага да стекне емоционална стабилност и да ги надмине предизвиците од минатото. Наместо да растат во институции, децата во згрижувачки семејства имаат можност за нормално детство, семејна топлина и блискост. Згрижувањето обезбедува подобри услови за образование, личен развој и учење на важни животни вештини. Истовремено, тоа придонесува за изградба на похумано и посолидарно општество кое се грижи за своите најранливи членови.
Згрижувањето е чин на љубов, грижа и одговорност – тоа е начин да му подарите на едно дете шанса за подобра иднина!

Како да станете згрижувач
Сведоштва
Во рамките на обуките „Мотивационо интервју“ и „Траума информирана грижа“ бројни учесници имаа можност да стекнат вредни знаења и вештини кои имаат значајно влијание врз нивниот личен и професионален развој. […]
“Во процесот на згрижување навистина се обрнува должно внимание на културолошките, биолошките, етничките аспекти во згрижувањето. Кај нас, во нашето семејство верскиот мотив не претставуваше пречка, спротивно беше мотив повеќе […]
Ние добиваме огромна поддршка од центарот за поддршка на згрижувачки семејства. Започнавме со обука за згрижувачи, која ни помогна да разбереме која е улогата на згрижувачот, и да ги разбереме […]
Важно е да ги сакаме децата и да им помогнеме кога им е нај потребно и да им обезбедиме еднакви можности исто како и на децата кои растат со своите […]
Јас и порано сум се занимавал со хуманитарна работа. Но сега, кога станав згрижувач, и кога гледаме како децата растат, успеваат и почнуваат да зрачат, сигурен сум дека сум ја […]