“Во процесот на згрижување навистина се обрнува должно внимание на културолошките, биолошките, етничките аспекти во згрижувањето. Кај нас, во нашето семејство верскиот мотив не претставуваше пречка, спротивно беше мотив повеќе да ги разбереме сите традиции.
Ние сме едно семејство, моите 3 биолошки дечиња гледаат на Вјоса како на постара сестра. Кај нас постои меѓусебна почит, а сите празници заеднички ги прославуваме. Важно е да се има убава причина за веселба и да му се радуваме на животот.“- вели Јулијана Стојоска-Томчевска, згрижувачка.
Јулијана Стојоска-Томчевска
јануари 13, 2023