Нови Згрижувачи во општина Гостивар
Настанот во вид на панел дискусија – трибина “ПОДАЈ РАКА – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ” резултираше со три Згрижувачки семејство кое веќе поднесе документација за згрижување, и 2 заинтересирани згрижувачки семејства кои дојавија свои податоци за подготвителната фаза на процесот на згрижување.
Од претходно ниту едно згрижувачко семејство, во сега видлив напредок, ја поздравуваме мерката на г. Арбен Таравари – Градоначалник на општина Гостивар, од каде најавија издвојување на надоместок со висина на износ од 10,000.00 мкд за сите новопријавени згрижувачи на општинско ниво.
Проследуваме благодарност до г. Азби Шаќири, Директор на Центарот за социјална работа во Гостивар, г-а Ана Панчева, Раководител на ЦПЗС “11 Октомври” и г-а Фикрије Аjрула, Згрижувач (во моментов) на 2 дечиња, а веќе цели 15 години, како и на тимовите од посочените институции.
Панел дискусијата се одржа во Младинскиот Ресурсен Центар – Youth Resource Center – ICan во Гостивар.
“ПОДАЈ РАКА и ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!”