Промоција на згрижувањето со цел зголемување на бројот на згрижувачки семејства
јуни 15, 2023

Во Јуни реализиравме уште еден успешен настан за промоција на згрижувањето со цел зголемување на бројот на згрижувачки семејства.

Настанот се одржа во Свети Николе и преку него успеавме да ги запознаеме жителите на општината со процесот на згрижување. Крајна цел ни е да регрутираме нови потенцијални кандидати за згрижувачи.

Општина Свети Николе е една од ретките општини во Република Северна Македонија каде што имаме само едно згрижувачко семејство,  поради тоа не случајно беше одбрана да биде дел од нашата агенда за 1-ви јуни денот на згрижувачите, а воедно и интернационален ден на детето.

На настанот свое обраќање имаше Градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Владев кој ја поздрави кампањата за промоција на згрижувањето во неговата општина и се заложи да даде предлог кон Советот на општина, да секое згрижувачко семејство на територија на општина биде ослободено од надомест за градинка и други мотивациски пакети.

Потоа се обратија Директорката на ЈУМЦСР Свети Николе Катерина Сенева Колева  и Раководител на ЦПЗС СОС Детско село Александра Ивановски кои повикаа на заедничка заложба со цел да се прошири гласот за згрижување помеѓу свети николчани, за да имаме не едно току многу повеќе згрижувачки семејства и во оваа општина.

Во оваа прилика ги уваживме заложбите и посветеноста на нашите Дафинка Ѓорѓиева и Јагода Јакимовска, кои повеќе не се во можност да бидат згрижувачи. Нивната испратена порака до оние кои се заинтересирани за згрижување беше сите заинтересирани да не се плашат од згрижувањето на деца без родителска грижа, можеби е тоа процес кој не е едноставен и знае да биде макотрпен, но од друга страна е благороден и исполнителен и на крајот наградата од целиот процес е детската насмевка и чувството на исполнетост бидејќи знаете дека сте направиле добро дело и сте го отвориле срцето за дете кое му била потреба љубов и сте го исправиле на прав пат.

Голема благодарност за нашите панелисти Претставник на Центар за социјална работа Свети Николе Марија Манасова Коцева, Иле Михајловски – одделенски наставник , Згрижувач Јагода Јакимовска  и претставниците на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства СОС Детско село Атина Тасевска и Ѓорѓи Симов, кои  внесоа емоции во целата презентација, секој од свој агол .