Стани згрижувач

Сакаш да станеш Згрижувач на деца без родителска грижа?
Центрите за поддршка на Згрижувачки семејства нудат целосна поддршка во процесот на згрижување.
Информирај се на лесен и брз пристап за условите и бенефитите од згрижувањето https://zgrizuvanje.mk или на 075 277 447

За што е одговорен згрижувачот?

При изборот на згрижувачко семејство се зема во предвид општата здравствена состојба и подобноста на подносителот на барањето и на сите членови на семејството. Згрижувачот е должен на малолетното дете да му обезбеди, згрижување и сместување во семејството, нега, општа и лична хигиена, исхрана, неопходна облека и обувки, да се грижи за здравјето на детето, да се грижи за неговиот развој, воспитание и образование. Згрижувачот е должен да се грижи и за задоволување на етичките, културните, забавните и рекреативните потреби на детето кое е сместено во семејството, како и да ја почитува етничката припадност и верските обичаи на сместеното дете.

Истовремено згрижувачот е должен да овозможи продолжување на врската на детето со неговото биолошко семејство, доколку го има, и да се грижи и да го припрема детето за средбите со неговото биолошко семејство.Детето се сместува во згрижувачко семејство додека не се обезбеди трајно решение за негово сместување, а тоа е да се врати во биолошкото семејство или да биде посвоено. Законот за социјална заштита дава право на надоместок на трошоците за сместување на детето и надоместок за згрижување.

Видови на згрижување

Општо

Општо згрижување е услуга преку која на сместените лица им се обезбедува задоволување на секојдневните потреби, грижа за личноста, воспитанието, образованието, развојот, здравствената состојба, во зависност од секојдневните потреби на сместеното лице. Корисници на услугата се: стари лица, деца без родители и родителска грижа, лица со попреченост. 

Роднинско

Роднинско згрижување е услуга за згрижување на дете без родители и без родителска грижа, во семејство на неговите баба, дедо, брат, сестра, вујко, чичко или тетка. 

Интервентно

Интервентно згрижување е услуга на краткорочно згрижување во семејство на лица за кои е неопходна итна заштита, до изнаоѓање на соодветни облици на заштита, а најдолго до 30 дена. Корисници на услугата се: дете без родители и родителска грижа, деца од конфликтни семејства, жртви на насилство, жртви на трговија со луѓе и други лица чиј социјален проблем налага итно згрижување и заштита.

Специјализирано

Специјализирано згрижување е услуга преку која на сместените лица им се обезбедува општо згрижување на лицата и поддршка до надминување на социјалните проблеми, а која се обезбедува од страна на згрижувачи кои поминале специјализирана обука. Корисник на услугата е: дете жртва на семејно насилство, дете во ризик и дете во судир со законот, дете или лице со попреченост

Повремено

Повремено згрижувачко семејство обезбедува згрижување на дете или возрасно лице згрижено во друго згрижувачко семејство, како и за дете или возрасно лице со попреченост кое живее со родител/старател заради одмор, терапија, лекување и завршување на домашни, семејни и професионални обврски на згрижувачот, односно родителот/старателот. По престанокот на потребата од привремено згрижување, згрижувачкото семејство, односно родителот/старателот, ја продолжува грижата за детето или лицето.

Финансиски надомест

Цената на социјалната улсуга за живеење со поддршка, пресметана согласно член 3 од оваа одлука , а во зависност од Правилникот за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјална услуга за живеење со поддршка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 264/2019), изнесува:

  • 41.467 денари месечно за живеење со 24 часовна поддршка за дете без родители или без родителска грижа, односно 1.360 денари дневно по корисник,
  • 26.184 денари месечно за живеење со повремено организирана поддршка на лица со попреченост, односно 858 денари дневно по корисник
  • 36.281 денари месечно за живеење со дневна осум часовна поддршка на лица со попреченост, односно 1.190 денари дневно по корисник
  • 46.379 денари месечно за 24 часовна поддршка на лица со попреченост , односно 1.521 денари дневно по корисник.Согласно Одлуката за цената на социјалната услуга за 2025 година висината на месечниот надоместок изразен во нето износ, изнесува:

Износот на социјалната услуга за згрижување во општо згрижувачко семејство, изнесува:

  • 20.768 денари месечно за дете, кога е згрижено едно дете,
  • 17.849 денари месечно за секое дете, кога се згрижени две деца,
  • 15.887 денари месечно за секое дете, кога се згрижени три деца,
  • 14.478 денари месечно за секое дете, кога се згрижени четири деца,
  • 13.417  денари месечно за секое дете, кога се згрижени пет деца.

Цената на социјалната услуга за згрижување во роднинско згрижувачко семејство, изнесува:

  • 14.724 денари месечно за дете, кога е згрижено едно дете,
  • 11.837  денари месечно за секое дете, кога се згрижени две деца,
  • 9.896 денари месечно за секое дете, кога се згрижени три деца,
  • 8.503 денари месечно за секое дете, кога се згрижени четири деца,
  • 7.453 денари месечно за секое дете, кога се згрижени пет деца.

Цената на социјалната услуга за згрижување во интервентно згрижување во друго семејство, изнесува 20.760 денари месечно, односно 681 денар дневно по корисник. Цената на социјалната услуга за згрижување во специјализирано згрижувачко семејство, изнесува:

  • 26.004 денари месечно за лице со попреченост, кога едно лице е згрижено, односно 853 денари дневно по корисник
  • 22.108 денари месечно за лице со попреченост кога две лица се згрижени, односно 725 денари дневно по корисник
  • 22.975  денари месечно за дете/лице во ризик, односно 753 денари дневно по корисник
Критериуми

Згрижувач може да биде само лице кое е полнолетно. Разликата во возраста меѓу згрижувачот и сместеното лице треба да е најмалку 18 и најмногу 50 години. По исклучок, определената разлика во возраста меѓу згрижувачот и сместеното лице не се однесува доколку детето е сместено во роднинско згрижувачко семејство или доколку тоа е во интерес на детето, односно возрасното лице.

Критериуми за избор на згрижувачко семејство се:

  • Возраст,
  • Здравствена состојба,
  • Подобност,
  • Материјални услови,
  • Станбени услови и
  • Oбука на згрижувачите.
Потребни документи

Документи (копија) кои треба од страна на Центарот за Социјална Работа да ги достават до Центарот за поддршка на згрижувачките семејства се:

  • Барање
  • Извод на родени
  • Извод на венчани
  • Државјанство
  • Потврда од матичен лекар за општа здравствената состојба на сите членови во семејството кои живеат во заедничко домаќинство
  • Документ со кој се потврдува дека не му е одземено или ограничено родителското право
  • Документ со кој се потврдува дека не му е одземена деловната способност
  • Документ за вкупни месечни примања на целото семејство остварени по сите основи последните три месеци пред поднесување на барањето
  • Документ за станбено-материјалната состојба на семејството
  • Потврда за неосудуваност и за сите полнолетни членови на семејството, а за малолетните потврда од надлежниот ЦСР, дали децата се евидентирани како деца во ризик или деца сторители на кривични дела и прекршоци.

Стани згрижувач

Преферирам да бидам исконтактиран/а преку: