Успешно реализирана посета во општина Делчево, резултираше со 2 нови згрижувачки семејства, покрај едното постоечко. Настанот го посети и градоначалникот на општина Делчево, г. Горан Трајковски, кој истакна нова социјална мерка за исплаќање еднократен годишен надомест во висина од 10.000 денари за секое згрижувачко семејство. “На овој начин Општината ја дава својата поддршка за хуманите семејства кои ќе ја поддадат раката за да згрижат дете, на тој начин, ќе придонесеме децата да прдолжат да живеат во семејство, во заедница и во позната околина”, истакна Трајковски.
Директорот на ЈУМЦСР од Делчево, Благој Стоименовски, истакна дека во Делчево има едно роднинско згрижувачко семејство, но и две се заинтересирани да станат згрижувачи. Истите беа поканети и присустваа на информативниот настан, разговараа со стручните соработници и ги поднесоа своите документи за оформување на згрижувачко семејство. “Како Центар за социјални работиме ние ги поттикнуваме граѓаните да станат згрижувачи и тука сме заедно да го изодиме патот. Стоиме на располагање за сите информации, за сите потребни документи и за остварување на нивните права како згрижувачки семејства” – потенцираше Стојменовски.
Марина Христовска, стручен сoработник во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври“, кој воедно е и надлежен за Делчево и областа Пијанев, посочи дека целта на активноста е да се доближи формата на згрижување и да се запознаеме граѓаните со сите придобивки кои како згрижувачи ќе ги добијат.
Дополнителни линкови:
delcevo365.mk – Кампањата ,,Подај рака стани згрижувач” во… | Facebook
Кампањата „Подај рака промени живот, стани згрижувач“ во Делчево – Општина Делчево (delcevo.gov.mk)

