Успешно помината обука и сертифицирање на новите згрижувачи кои се пријавија на кампањата која измина во Југоисточниот регион
ноември 4, 2022
↘️На 03 ноември во Гевгелија се одржа последната од вкупно девет сесии на програмата за обука на згрижувачки семејства која ја спроведува Центарот за поддршка при СОС Детско село.
➡️Сесија која го означи успешниот крај на обуката за седум потенцијални згрижувачи во Гевгелија, Струмица, Дојран и Валандово, но и почетокот на седум топли приказни за згрижување.
↪️Потенцијалните згрижувачи се спремни наученото да го применат во нивната нова улога, улога на згрижувачи. Прекрасни хумани луѓе, кои храбро одлучија да подадат рака, променат живот….. да станат згрижувачи.
🙏Им благодариме што беа дел од обуката и што донесоа информирана одлука да бидат дел од нашиот професионален тим за заштита на децата.
👏Се чувствуваме горди што дечињата ќе бидат згрижени во овие семејства и ќе добијат свој топол дом..
А ние ќе бидеме нивна поддршка и водилка во успешно згрижување.
✉️Ги покануваме сите заинтересирани кандидати за згрижување да се охрабрат и да го направат првиот чекор и да се вклучат во следната обука за згрижување.