Во рамките на соработката помеѓу Центрите за поддршка на згрижувачки семејства и надлежните центри за социјална работа од планскиот регион Скопски, Вардар и Југоисточен, се одржаа три регионални координативни состаноци во Кавадар, Скопје и Струмица. Тимската работа е суштинска за поддршка на згрижувачките семејства и децата згрижени во згрижувачките семејства, таа создава простор за отворена и ефикасна комуникација помеѓу различните страни, што ја олеснува размената на информации и координацијата на активностите. Комуникацијата и соработката помеѓу различни институции и професионалци е важна за успешна поддршка на згрижувачките семејства и помага да се подобри сеопфатниот систем за поддршка на згрижувачите и да се промовира одржлива грижа што на крајот води до подобри резултати за згрижените деца.
Кога сме заедно, посилни сме со нашите партнери од Центрите за социјална работа и Центрите за поддршка на згрижувачки семејства, работиме на создавање безбедна, топла и стабилна средина за децата во згрижување. Нашата цел е да обезбедиме целосна поддршка за овие деца и нивните старатели – од образование и здравствена заштита до емоционална поддршка. Секој чекор што го правиме е во интерес на нивната благосостојба и среќно детство. Во нашата заедница, ние веруваме во моќта на тимската работа и соработката за поддршка на децата во згрижување.