Тие се еднакви, бидете различни!
март 21, 2024

Има многу различни бои, форми и мириси. Секој од нас има различни карактеристики, различен стил и различно размислување. Но, убавината на разликите е во тоа што тие ги прават луѓето посебни и секој од нас треба да ги носи своите разлики со гордост затоа што тие не прават посебни и прекрасни. Даунов синдром е вид на различност што јасно ни ја покажува уникатноста на секое дете. Даунов синдром не е бариера за среќа и успех, напротив, тој е дел од нашиот широк опсег на животни искуства преку кои можеме да изградиме свет во кој секоја разлика се почитува и прифаќа. Има деца кои за жал не можат да живеат со своите родители од различни причини, меѓу овие деца има и деца со Даунов синдром, а тие се исто како и другите деца, со свои соништа и желби и имаат потреба од љубов, грижа и поддршка. Ние како заедница имаме обврска да се грижиме за нив и да им обезбедиме безбедна и поддржувачка средина во која ќе растат и развиваат. Грижата за дете со Даунов синдром може да биде предизвик, но во исто време и можност да се направи најдоброто и да им се даде шанса на овие деца да пораснат во силни, среќни и успешни луѓе.

Да научиме да го гледаме светот низ очите на другите, да бидеме добри луѓе и да ги почитуваме различностите и вистинските вредности. Само така можеме да го направиме светот подобар за сите, без разлика на разликата Стереотипите можат да ги спречат луѓето со Даунов синдром да бидат третирани како другите луѓе. Со нас се однесуваат како деца, нè потценуваат и сме исклучени од активностите и општествениот систем. Некогаш не третираат многу лошо, дури и малтретирани – вели Даунов Синдром Интернационал, глобална мрежа на луѓе со Даунов синдром и нивните семејства и неколку глобални и национални здруженија и мрежи кои ги координираат денешните активности за подигање на свеста на глобално и на национално ниво. Ние сме луѓе. Однесувајте се кон нас како луѓе – велат на веб-страницата „Светски ден на Даунов синдром. Станете дел од нашето згрижувачко семејство 👇 https://zgrizuvanje.mk/uslovi/ За повеќе јавете ни се на 075 277 447