Потребни се даватели на социјална услуга – Згрижувачи!
Локации: Гази Баба, Илинден, Петровец, Арачиново, Аеродром, Бутел, Чучер Сандево, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Чашка, Росоман, Демир Капија, Градско, Лозово, Струмица, Валандово, Гевгелија, Радовиш, Богданци, Дојран, Ново село, Босилово, Василево, Конче.
Услови:
Згрижувач може да биде само лице кое е полнолетно.
Добра општа здравствена состојба на згрижувачот и семејството.
Процена на подобност од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства.
Стабилни приходи во последните три месеци, над минималниот загарантиран приход.
Уреден и функционален дом со соодветни услови за живеење.
Обука обезбедена од Центарот за поддршка за подготовка и проценка.
Што добивате?
Нов почеток кој ќе донесе многу љубов и смисла во вашиот живот, додека создавате разлика во животот на дете кое има потреба од топлина и поддршка.
Освен тоа, добивате и континуирана поддршка од стручни лица и обуки за унапредување на вашите вештини.
Како да се пријавите?
Контактирајте на 075 277 447 или во локалниот Центар за социјална работа во вашата општина. Постапката за станување згрижувач започнува со поднесување на Барање до месно надлежниот центар.
Финансиска поддршка
Законот за социјална заштита овозможува надоместок за трошоците за сместување и згрижување. Повеќе информации за висината на месечниот надоместок за 2024 година може да добиете по телефон 075 277 447 или во Центарот за социјална работа.
Отворете го своето срце и дом!
Вие можете да бидете разликата што ќе промени нечиј живот. Станете згрижувач и помогнете да изградиме подобра иднина за децата кои имаат потреба од љубов и грижа.