На две локации во Берово, денес беше презентирана кампањата „Подај рака и промени живот – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!“
Како што истакна раководителот на центарот за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври“ Ана Панчева, згрижувањето е форма на грижа којашто постои во нашата држава веќе долго време, но неминовно е да се развива оваа форма бидејќи целта е секое дете кое што има потреба од грижа, да биде згиржено во згрижувачко семејство кое што е најблиска средина до биолошкото семејство.
Љубица Арсова Аврамовска, која заедно со нејзиниот сопруг Васко, е згрижувач во СОС „Детско село“ и која досега има згрижено 15 дечиња, упати апел до сите Беровчани и сите граѓани во државата да пружат рака и да згрижат дете, бидејќи како што вели од тоа поубаво нема. “Згрижувањето ми донесе мир во душата, каков што досега сум немала.” – ни сподели Љубица за нејзината емоционална исполнетост, покрај останатите позитивни искуства во нејзината згрижувачка приказна.
Од градоначалникот на општина Берово беше предложен паричен надоместок од 5.000мкд како дополнителна соодветна мерка преку Програмата за социјална заштита, со што би им се пружила дополнителна локална поддршка на згрижувачките семејства, – истакна градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски.
Сите заинтересирани граѓани од Малешевијата можат да се обрат во локалниот Центар за социјална работа во Берово, или да се обратат на 075/277-447.

Дополнителни линкови:
– ВО БЕРОВО ПРЕЗЕНТИРАНА КАМПАЊАТА „ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ“ – Малеш Нет (maleshnet.mk)

