“ПОДАЈ РАКА и ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” настан во општина Кичево
Денешниот ден во Кичево резултираше со 2 пријавени згрижувачки семејство

12 прекрасни згрижувачи во Кичево ни се придружија на настанот за промоција на згрижувањето, од кои 6 разговараа со случајни минувачи и заинтересирани граѓани, споделија информации и одговараа на прашањата од граѓаните.

Стручните работници од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства Битола и Директорот на Центарот за социјална работа – Кичево, Дашмир Лимани со својот тим ги проследија потребните информации со многуте заинтересирани граѓани.

1 заинтересирано роднинско
и 1 интервентно семејство оставија свои податоци за апликација. Секое згрижувачко семејство значи една успешна и променета животна приказна.

Заедно за намалување на стигматизацијата со која децата без соодветна родителска грижа се соочуваат и за зголемување на бројот на семејства за пример, згрижувачките семејства

.
Останати линкови:
☆ ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ
☆ ИНФОРМИРАЈ СЕ НА 075 277 447