На настанот во Вевчани пријавено 1 (едно) згрижувачко семејство.
Градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Климоски го поддржа настанот и искажа спремност за стимулативни мерки за новите згрижувачи. “Општина Вевчани, иако со само 2500 жители, има потенцијал за минимум згрижувачки семејства и веруваме дека со континуирана промоција ќе постигнеме успех.” – истакна градоначалникот Климоски.
Важноста од згрижувачки семејства во средини каде во моментов нема ниту едно згрижувачко семејство е заедничка должност и одговорност.
На настанот се испрати апел и повик до граѓаните за пријавување на згрижувачки семејства во Општина Вевчани со претставување на бенефитите и финасиската поддршка кои ја имаат згрижувачите од државата.
Кампањата е во рамки на проектот „Унапредување на системски недостатоци – „Поддршка на реформите во системот за заштита на деца“ финансиран од Германското министерство за соработка и развој, а е спроведена во соработка со клучни чинители во областа на детската социјална заштита.


