Меѓународниот ден на жената 8ми Март
март 8, 2024

Меѓународниот ден на жената е ден за обележување и прославување на постигнувањата на жените, нивната сила, умешност и вклученост во различни аспекти на општеството. Во 2024 година, темата “Инспирираj вклучување” го пропагира значењето на вклучувањето на жените во сите сфери на животот,  во лидерството, технологијата, образованието,  културата  и во социјалната заштита.

На Mеѓународниот ден на жената 8ми март во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства на СОС Детско село Скопје ги славиме достигнувањата на жените и девојките кои надминаа огромни предизвици во својот живот да станат најсилни верзии од себе. Нивните животни и професионални приказни се инспиративни, тие ја вреднуваат вклученоста на жените во социјалната заштита за создавање подобар свет. И кога самите жени се инспирирани да бидат вклучени, постои чувство на припадност, релевантност и зајакнување.

Како Центар за поддршка на згрижувачки семејства Меѓународниот ден на жената го означуваме како чекор кон поддршка и вклучување на жените во обавување на згрижувачката улога и подигање на свеста за потребата за развој на што поголем број на згрижувачки семејства. Овој ден е потсетник дека вистинското вклучување на секој дел од заедницата создава посилно и одржливо општество за сите.

Нашата цел е нашите згрижувачи да станат инспирација за вклучување во општеството во акција за промоција на згрижувањето.

На згрижувачите им благодариме, бидејќи не само што ги грижат за децата, туку и им обезбедуваат љубов и поддршка, нешто што секое дете заслужува.

На овој ден, сакаме да изразаме благодарност кон сите оние (без разлика на пол) кои се ангажирани во овој важен аспект од животите на многу деца, кои без нивна вина останале без родителска грижа.

Вредноста на она што го правите не може да се измери материјално, туку во количината на љубов која ја добивате за возврат од самите деца и количината на длабока почит која ја добивате од оние кои со вас тесно соработуваат.

Инспирирајте вклученост!