Кампањата ПОДАЈ РАКА и ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ! во Битола
јуни 24, 2022
Кои се Згрижувачите и што претставува процесот на згрижувачки семејства?
– Kaква е поддршката за Згрижувачите од страна на Министерството за труд и социјална политика и Центрите за поддршка на згрижувачки семејства, СОС Детско село Скопје, 11 Октомври-Скопје, и Центарот во Битола.
– Кој се може да биде згрижувач?
– Какви видови на згрижувачки семејства постојат?
– Какво е згрижувачкото искуство и што ќе Ви донесе?
– Зошто Згрижувачите се вистинските херои во нашето општество?
По настанот кој се одржа на 01.06.2022 во Скопје, а продолжи во Валандово 03.06.2022, Гевгелија 07.06.2022, Велес 13.06.2022, Штип 21.06.2022, Битола 24.06.2022.
Посетете не на настанот во Кавадарци 28.06.2022, Струмица 01.07.2022, и Неготино 07.07.2022.
Во прилог проследуваме атмосфера од одржаниот настан во општина Битола – особена благодарност до Mинистерката г-ѓа Јованка Тренчевска и Министерство за труд и социјална политика,благодарност до градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и Општина Битола – официјална страница,
и сите локални самоуправи кои целосно го поддржуваат настанот како и благодарност до ЗИА накит за подароците за згрижувачите со симболот на згрижувачко семејство. Големо браво за извонредната изведба на @Детски хор “Ѕвончиња” – Bitola предводен од Професор Ментор Марина Коруновска.
За повеќе информации околу згрижувањето побарајте на телефонскиот број 075 277 447.