Кампањата “ПОДАЈ РАКА и ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” во Неготино

“Дали во животот некогаш сте кажале некој убав збор, и некое дете сте развеселиле”? Дали некогаш сте направиле некое добро дело, и некои дечиња сте израдувале? Дали тие работи Ви донеле убавина на душата? Верувам сеуште го памтите тоа прекрасно чувство. Да се згрижи дете е голема работа. Голема работа е да бидеш надеж на дете кое ја изгубило надежта.”

“Децата кои израснаа со мене и не се веќе деца. Тие се возрасни, кои придонесуваат за развојот на нашето општество.”

“Можам со сигурност да кажам дека хуманоста изразена преку згрижувањето, го носи она прекрасно чувство на задоволство дека навистина ја исполнуваш мисијата на својот живот.”

“Ја споделувам мојата згрижувачка приказна, со цел да Ве поттикнам Вас, хумани луѓе, да создадете и Ваша згрижувачка приказна.” – сподели нашата долгогодишна згрижувачка во СОС Детското село, Моника Манева.


Вчерашниот настан одржан во Неготино, модериран од Цеце Николова, ни донесе многу успех и многу заинтересирани потенцијални згрижувачи.
Одговорите на прашањата:

Што е згрижување?

Кој може да биде згрижувач?

Какво е згрижувачкото искуство и што ќе Ви донесе?

Каков е досегашниот успех и заинтересираност од кампањата?

Каква и во која висина е финансиската и експертската поддршка кон згрижувачите?
Споделуваме дел од атмосферата од настанот во Неготино, каде свое воведно обраќање имаше Марио Јанчев, Директор за програми и развој СОС Детско село, осврт за улогата и потребите на локално ниво ни даде Директорката на Центарот за социјална работа Неготино – Татјана Манева, а своја поддршка низ обраќање ни изрази и градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов.

Благодарност за волшебните изведби до дечињата од детската градинка “Фемо Кулаков” од Неготино со нивниот ментор – Весна Петрова Соколова.
Повторно благодарност до
ZIA накит за подароците кои ги обезбедија за згрижувачките семејства а се со симболот на згрижувачко семејство.
За да поразговарате со стручен соработник, побарајте не на 075 244 477.