Последниот од настаните кој се одржа на градскиот плоштад во Кавадарци, ни донесе многу успех и многу заинтересирани потенцијални згрижувачи.
Одговорите на прашањата:
Освен на отворената телефонска линија 075 277 447, одговорите ги проследуваме и на самите настани кои се дел од кампањата “ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ” во соработка со Минситерство за труд и социјална политика на РСМ и Центрите за социјална работа, Заводот за социјални дејности, како и локалните самоуправи – (благодарност до посочените институции)
Настанот го модерираше новинарката Цеце Николова, свое обраќање имаше Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, своја поддршка со висина на еднократен износ од 10.000мкд за новопријавените згрижувачи ни изрази и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, а за улогата на локалниот Центар за социјална работа – Кавадарци ни зборуваше Весна Дамјановска, Директор на посочениот Центар. 

Споделуваме дел од атмосфера од настанот во Кавадарци, а за подетални информации посетете ја страната – веб страната www.zgrizuvanje.mk или побарајте не на 075 244 477.
Благодарност до студиото за модерен танц Венус и како и благодарност до ZIA накит за подароците за згрижувачите со симболот на згрижувачко семејство. 










