Кампањата “ПОДАЈ РАКА и ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” во Гевгелија
јуни 7, 2022
Настанот одржан во Гевгелија на 07.06.2022 во 19.00 часот, резултираше со 3 новопријавени згрижувачи.
Настанот го модерираше Цеце Николовa, а забавниот дел го водеше нашите Драги и Алтана од Музичкиот бенд “ДАБЕНД”
На настанот свои обраќања имаа:
-г. Ресми Ејупи – Државен секретар при Министерството за труд и социјална политика
-г. Перо Костадинов – Градоначалник на општина Валандово
-г-а Васка Јанчев – Директорка на Центарот за социјална работа Гевгелија
-г-а Јагода Насковска – Стручен соработник за семејно советување и социјален работник, Центар за поддршка на згрижувачки семејства СОС Детско село
-г-а Оливера Миленковска, Згрижувач во СОС Детско село, која сподели дел од своето поизитивно згрижувачко искуство на веќе 5 дечиња низ годините на сопственото згрижувачко искуство, и воедно ни ја истакна поддршката која ја добива од стручните работници
Огромна благодарност до https://www.facebook.com/www.zia.mk/ – ЗИА Накит кои овозможија подароци – огрлици за сите згрижувачки семејства со симболот на згрижувачко семејство.