Добра пракса кај згрижувачките семејства – Марика и Зоран Аврамови
јануари 10, 2023

Марика и Зоран Аврамови се специјализирани згрижувачи од Градско. Тие и самите се родители на две веќе возрасни деца, а во својот дом повеќе од 17 години посветено се грижат за две сега млади полнолетни девојки со попреченост.

Грижата за деца и млади со комплексни потреби и попреченост е специјализиран тип на згрижување, а со мотивација, безусловна љубов и посветеност се постигнуваат огромни резултати.
А најзначајниот резултат е кога децата и младите за кои се грижите ќе се почувствуваат безбедни, сигурни, прифатени и сакани како во свое семејство и дом.
Токму таков резултат постигнале и нашите згрижувачи Аврамови. Тие поседуваат човечки квалитети на искрено хумани личности со високо изградени морални вредности. Кон згрижените младинки негуваат топол и емотивен однос, а атмосферата во нивниот дом е топла, пријатна и семејна. Секојдневието го организирале во согласност со потребите на младинките, во кој сите заедно функционираат беспрекорно, како едно хармонично семејство.

 

 

Марика и Зоран успеале да ги вклучат и свои најблиски пријатели во нивниот ќивот, бидејќи како што велат без поддршка не ја бива. На секој му треба потпорен ѕид понекогаш. Сите во семејството се силно емотивно поврзани и продолжуваат да ги негуваат овие топли релации…”Нашите биолошки деца полека се осамостојуваат, храбро и самостојно чекорат по нивниот пат, но на Благица и Весна сеуште сме им потребни и ќе бидеме тука за нив додека и тие не се осамостојат”. Нив не ги гледаме како лица со попреченост, туку како лица кои имаат силни страни, своја личност и како и сите ние за некои работи потреба од поголема поддршка…“ споделуваат Марика и Зоран.

 

 

 

 


Марика и Зоран успеале да се поврзат и со други семејства со лица со попреченост, со кои делат заеднички цели. Велат работната окупација е многу важна кога се грижите за лица со попреченост, па секојдневието на девојките е исполнето и со работни активности. Ние им помагаме ним, тие придонесуваат за целото семејство. Двете сакаат да плетат, да помагаат околу домашните активности, околу хранењето на животинките во дворот. Како самостојни земјоделци имаат можност на поголема флексибилност, па после работа знаеме и често си организираме излети во соседните градови или излетнички места. Заедно одмие на пазарење … Но најмногу од се’ се радуваме кога имаме прилика да посетиме некое ново место во кое природата навистина била дарежлива. Со нашите младинки животот ни е исполнет и убав.
Ние сме веќе во поодминати години, па сакаме да апелираме да се јават што повеќе заинтересирани граѓани, да продолжат по нашите стапки. Да не има во што поголем број.

 

 

 

 

Доколку сакате да дознаете повеќе околу згрижување јавете се на телефонскиот број 075-277-447.