Успешно помината обука и сертифицирање на новите згрижувачи кои се пријавија на кампањата која измина во Југоисточниот регион

На 03 ноември во Гевгелија се одржа последната од вкупно девет сесии на програмата за обука на згрижувачки семејства која ја спроведува Центарот за поддршка при СОС Детско село.

Сесија која го означи успешниот крај на обуката за седум потенцијални згрижувачи во Гевгелија, Струмица, Дојран и Валандово, но и почетокот на седум топли приказни за згрижување.

Потенцијалните згрижувачи се спремни наученото да го применат во нивната нова улога, улога на згрижувачи. Прекрасни хумани луѓе, кои храбро одлучија да подадат рака, променат живот….. да станат згрижувачи.

Им благодариме што беа дел од обуката и што донесоа информирана одлука да бидат дел од нашиот професионален тим за заштита на децата.

Се чувствуваме горди што дечињата ќе бидат згрижени во овие семејства и ќе добијат свој топол дом..
А ние ќе бидеме нивна поддршка и водилка во успешно згрижување.

Ги покануваме сите заинтересирани кандидати за згрижување да се охрабрат и да го направат првиот чекор и да се вклучат во следната обука за згрижување.