Во моето семејство сега сите сме силно поврзани со личните приказни на децата, вели Ели Димовска
февруари 11, 2025

Јас сум мајка на машки деца, а мојата желба од младоста да имам девојчиња ми остана неисполнета…во предизвикот Згрижување тргнав пред 15години со идеја дека ќе си ја исполнам желба од младоста, да имам женски деца на кои ќе им купувам фустанчиња, кукли, ќе им плетам плетенки….но, набрзо потоа откако станав згрижувачка сфатив дека полот на детето воопшто не ми е важен. Многу поважно беше да помогнам барем  и на едно дете да не биде на улица, без родителска грижа и да му пружам мајчинска љубов и вистински дом.

Во моето семејство сега сите сме силно поврзани со личните приказни на децата и единствена желба и мотив ни е на децата кои доаѓаат кај нас да им овозможиме безбедно и среќно детство. А, како возврат тие повторно го будат во мене детето кое никогаш не се уморува од игра, забава, безброј прегратки и бакнежи…