Промоција на материјали од Програма за едукација за специјализирана грижа на деца со попреченост која беше креирана 2023г.
декември 12, 2023

СОС Детско село во рамките на проектот ,,Унапредување на системски недостатоци – Поддршка на реформите во системот за заштита на деца”  го поддржува процесот на деинституционализација и реализира стратешки цели опфатени со Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027.

Во таа насока на 6ти декември во просториите на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства на СОС Детско село пред стручната јавност беше реализиран настан за промоција на материјали од Програма  за едукација за специјализирана грижа на деца со попреченост која беше креирана 2023г.

Присутните гости, стручни работници од Центрите за поддршка на згрижувачките семејства  имаа можност да ги добијат трите клучни документи: Прирачник за мастер обучувачи за обука на специјализирани згрижувачки семејства; Прирачник за специјализирани згрижувачи за грижа на деца со попреченост; Информатор за стручни работници во центрите за поддршка на згрижувачки семејства.

Сега кога имаме Методологија, која ни дава структурирано знаење за тоа како на најдобар начин да ги обучиме идните специјализирани згрижувачи за да можат да обезбедат специјализирана грижа за децата со попреченост, пред нас е уште една одговорна задача, а тоа е регрутација на потенцијални кандидати на  специјализирани згрижувачи.

Ве повикуваме да ни се придружите во нашата иницијатива и посветеност во создавање средини каде секое дете, без разлика на способностите, ќе најде свој дом со љубов и поддршка.