Мали дела , големи влијанија – подари книга
ноември 22, 2023

Навидум мало дело, иницијатива да се подари книга на другарче од згрижувачкото семејство, донесе 20 дечиња од ОУ Браќа Миладиновци во СОС Детското село. Тие не посетија денес во просториите на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства и донесоа вистинска позитивна енергија со себе.

Сите со една идеја, книгата која ја одбрале за своето пријателче од згрижувачко семејство да стигне до вистинската адреса. И зад овој мал гест на добрина и љубезност, зрачи позитива и значајно влијание врз тоа како сите ние го обликуваме светот на иднината, како ја негуваме емпатијата, храброста и волјата за подоброто утре.

Препознајте ја силата на најмалите, бидејќи секој без разлика на возраст има моќ го промени светот во кој живееме.

Благодариме наши пријателчиња, благодарност и до наставничките Симона и Сашка за вашата улога во овој настан.

Објавите од рубриката МАЛИ ДЕЛА, ГОЛЕМИ ВЛИЈАНИЈА имаат за цел да ве поттикнеме Вас, наши драги ФБ пријатели, да придонесете во работата на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, дури и доколку, од разни причини, не можете да придонесете во остварување на нашата најважна цел – односно да станете згрижувачи.

А за помош и поддршка има повеќе начини…за нас најпосакуваниот е да размислите и да станете наши промотори-регрутери на потенцијални згрижувачки семејства.

Доколку познавате некој за кого мислите дека има голема веројатност да стане згрижувач, пренесете ја нашата порака, споделете го нашиот телефонски број 075277447 и поттикнете го лицето да не побара за повеќе детали. Во овој случај, дури и кога не се занимавате директно со згрижување, позадински и тоа како помагате да се оствари нашата визија ТОПОЛ ДОМ И ГРИЖА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ.