Многу често слушаме изјави од луѓе кои кажуваат дека се загрижени за тоа што се случува со бебињата, децата и младите во нивното опкружување.
Некои од нив изјавуваат дека мора се направи нешто во врска со случаевите на злоупотребување и запоставување на деца.
Други кажуваат колку се важни семејствата за растење здрави деца.
Но, многумина остануваат само на изјави, не знаејќи како може да помогнат и на друг начин.
СОС Детско село изминатиот период организираше настани за промоција на згрижувањето на деца без родителска грижа низ 25 градови низ Македонија.
Дел од граѓаните кои се заинтереисраа да истражат како се станува згрижувач се јавија на нашиот телефонски број 075277447.
Потоа се вклучија во обука за згрижување и сега се при крај на процесот да станат згрижувачи.
Чест ни е да објавиме дека после два месеци интензивна обука сега имаме 16 нови кандидати/-ки кои се стекнаа со PRIDE сертификати за згрижување.
Овој чин на доделување на PRIDE сертификатите за сите нас претставува големо задоволство и радост затоа што PRIDE сертификатот значи еден чекор до срце полно со топлина, пружена рака, отворен дом, безусловна грижа и посветеност кон децата на кои тоа им е најпотребно.
Во името на сите деца за кои се грижи СОС Детско село, благодариме за вашата грижа и за покажаниот интерес.
Во име на згрижувачките семејства и персоналот на Центарот за поддршка на згрижувачките семејства, Ви посакуваме добредојде во процесот на станување згрижувач!
Ако се придружите на нашиот Центар за поддршка на згрижувачки семејства ќе станете дел од тим кој секојдневно, тивко прави вистинска разлика во заедницата.
Тоа се згрижувачите кои работат со новороденчиња, деца и млади луѓе и нивните семејства кои се изложени на ризик и им даваат втора шанса во животот.
Се надеваме дека обуката Ве инспирираше да продолжите со чекорите за да станете згрижувачки семејство.
Доколку сакате да дознаете повеќе околу згрижување јавете се на телефонскиот број 075-277-447.
