Меѓународниот ден на жената, 8ми Март
март 8, 2023

На Меѓународниот ден на жената, во Центрите за поддршка на згрижувачки семејства,  се слават достигнувањата на жените и девојките кои надминаа огромни предизвици во својот живот, растејќи без родителска грижа,  да станат најсилни верзии од себе. 

На овој ден  ги славиме постигнувањата на нивните згрижувачки, на Лејла, Силвана, Вера, Мајмире, Џулијана, Тамара, Соња, Снеже како претставници на вкупно 286 жени во згрижување.

Но исто така ги славиме постигнувањата и на Мите,, Самет и уште 77 мажи згрижувачи.

Ве повикуваме и Вас да се придружите во нашата заедничка мисија. Време е  да се погрижиме да не оставиме никој зад нас, бидејќи сите заедно можеме да го направиме светот подобро место за живеење.

На овој ден сакаме да ја зголемиме свесноста за стереотипот дека згрижувањето на деца без родителска грижа е женски повик, но и да подигнеме внимание за важноста од промовирање на еднакви можности за девојчињата и момчињата во сите сфери, па и во сферата на алтернативна грижа.

Со цела свесност дека родовите стереотипи често започнуваат во семејството и заедницата, споделуваме две искуства од нашето секојдневие:

  1. Кога станува збор за згрижување во згрижувачко семејство, жените се тие кои се одлучуваат да бидат носители на згрижувачката функција. Нашата евиденција вели дека  дури 78 проценти од згрижувачите се жени. Жените се згрижувачи многу почесто од мажите. Ова не значи дека мажите не можат или не треба да се грижат за деца на кои им е потребна грижа.  За нас , важно е да ja подигнеме свесноста за можностите за еднаков пристап во грижата, придонесувајќи кон постигнување на родова еднаквост.

Истовремено би сакале да дадеме јавно признание за СИТЕ (жени и мажи, општи, специјализирани и роднински згрижувачи) кои се вклучени во оваа дејност.

  1. Веројатно знаете дека кај девојките и жените има поголема веројатност да бидат засегнати од  насилство и економска нееднаквост. Особено е важно да се истакне фактот дека девојките без  родителска грижа, имаат уште поголем ризик од насилство,  дискриминација, експлоатација, како и сиромаштија. За да се превенира оваа состојба, особено кај децата без родителска грижа, потребни се  згрижувачки семејствa кои ќе бидат спремни да обезбедат еднакви можности и за девојчињата и за момчињата, и  со тоа за подобрување на родова еднаквост.