Кампањата “ПОДАЈ РАКА и ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” во Велес
јуни 13, 2022
Споделуваме дел од атмосферата од настанот одржан во Велес 13.06.2022 во 18.30 часот.

На настанот свои обраќања имаше Енвер Хусејин – Заменик Министер при Министерството за труд и социјална политика, кој ја истакна улогата и заложбите на Министерството за труд и социјална политика за промена и унапредување на системот за детска заштита
Марио Јанчев, Директор за програми и развој при СОС Детско село, ја објасни улогата на СОС Детското село како предвесник во згрижувањето која на оваа тематика работи цело 20 години.
Коста Нојков, Заменик градоначалник на општина Велес ја истакна важноста од сеопфатна соработка на сите чинители, за сечија индивидуална и колективна улога во институцијата/организацијата која ја претставува за добробитта на секое дете
За успешните 9 згрижувачки приказни во Велес ни говореше Билјана Домазетова, Раководител на Центарот за социјална работа Велес
Веројатно најважно, своето 12-годишно искуство ни го сподели нашата тетка Мими – Mирјана Пејчинова, Згрижувач во СОС Детско село,
како и Фераје Дурмишовска, 3 години Згрижувач на 3 деца во Велес.
Секако највредно, ни беше суштинското споделување на својата приказна – сведоштвото на млади успешни лица излезени од грижа кои сведочеа за проемената на нивниот живот и иднина се Хабиба Папиќ и Цеце Николова, модераторка на настанот и воедно успешен млад новинар кој поголемиот дел од детството го помина под закрила на Наташа, Згрижувачка од СОС Детското село во Скопје.
Забавниот дел го водеа нашите Драги и Алтана од Музичкиот бенд “ДА БЕНД”. Покрај нив, не восхитија и млади таленти од Велес кои имаа своја музичка изведба.
Со балетска изведба не забавуваа и девојчињата од Baletsko studio Anabela.
А во знак на благодарност, ЗИА Накит овозможија подароци – огрлици за сите згрижувачки семејства од Велес, со симболот на згрижувачко семејство.
За дополнителни информации и разговор со стручен работник побарајте не на 075/277-447
         С