Кампањата “ПОДАЈ РАКА и ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” во Валандово
јуни 3, 2022
Споделуваме дел од атмосферата од настанот одржан во Валандово 03.06.2022 во 19.30 часот.
Настанот го модерираше нашата Цеце Николовa, а забавниот дел го водеше нашиот воспитувач и истовремено извонреден изведувач Перо Исиров.
На настанот свои обраќања имаа:
-г-дин Ресми Ејупи – Државен секретар при Министерството за труд и социјална политика
-г-дин Перо Костадинов – Градоначалник на општината
-г-дин Петар Јанакиев – Директор на Центарот за социјална работа Валандово
-г-а Јагода Насковска – Стручен соработник за семејно советување и социјален работник, Центар за поддршка на згрижувачки семејства СОС Детско село
-г-а Александра Количоска, Згрижувач во Валандово на 3 дечиња
Им благодариме на сите оние кои учествуваа, се гледаме во Гевгелија денес од 19ч!