1 згрижувачко семејство остави свои податоци за поднесување на документи.
Од претходно ниту едно згрижувачко семејство, Вевчани доби 1 заинтересирано згрижувачко семејство кое е во процес на информирање за згрижувањето.
Градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Климоски го поддржа настанот со заложби за социјални мерки кои ќе влијаат стимулативно на жителите во Вевчани.
Дури и во малите места со 2500 жители како што е Вевчани, веруваме дека одговорноста е заедничка за стекнување на минимум згрижувачки семејства и со континуирана промоција, веруваме во позитивен исход.
На настанот се упати повик до граѓаните за пријавување на згрижувачки семејства во Општина Вевчани со претставување на бенефитите и финасиската поддршка кои ја имаат згрижувачите од државата, како и условите за да се стане згрижувач.
Кампањата е во рамки на проектот „Унапредување на системски недостатоци – „Поддршка на реформите во системот за заштина на деца“ финансиран од Германското Министерство за економска соработка и развој.



