“ПОДАЈ РАКА и ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” – одржан настан од кампањата во општина Струга
октомври 14, 2022
На градскиот плоштад на општина Струга, се одржа настан, дел од Националната кампања “Подај рака и промени живот! Стани згрижувач!”, која е наменета да го промовира згрижувањето во семејство, а има за цел да ја прошири и зголеми мрежата на згрижувачки семејства во државата.
Центарот за поддршка на згрижувачки семејства – Битола во рамки на ЈУ ,,Дом за доенчиња и мали деца ” – Битола, кој воедно е надлежен центар за градот Струга, ја истакна потребата од зголемување на бројот на згрижувачки семејства во Струга, каде моментално нема ниту едно згрижувачко семејство, а згрижени дечиња од Струга има.
Центарот за поддршка на згрижувачки семејства-Битола како надлежен за градот Струга, денес имаше можност на штандовите преку самиот настан да ги информира жителите на општина Струга за тоа што претставува згрижувањето, кои се условите, критериумите и постапката за да се стане згрижувач, за бенефитите кои ги добиваат згрижувачите, како и за целокупната стручна помош и поддршка која ја добиваат од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства и Центарот за социјална работа, во насока на обезбедување на најквалитетна грижа за сместените деца. Со оглед на тоа што потребата за згрижување на деца без родители и родителска грижа како и деца во ризик е голема, ЦПЗС-Битола ја истакна и огромната важност и потреба од понатамошно ширење и развивање на оваа форма, која пред се се истакнува со својата хумана димензија, а која ќе овозможи најприродна, најсигрна и најбезбедна средина за раст и развој на децата без родители и родителска грижа, најблиска до нивното биолошко семејство.
Центарот во рамки на ,,11 Октомври”-Скопје и Центарот во рамки на ,,СОС Детско Село -Скопје”, поддржана од Министерство за труд и социјална политика и ,,Завод за социјални дејности”-Скопје, а овозможена од Германското Министерство за економски развој и соработка.
👉 Настанот беше поддржан и од локалната самоуправа на Општина Струга и градоначалникот Рамис Мерко, како и Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа во Струга и директорот г-дин Мевмед Халили, кој беше присутен на самиот настан.