Кампањата “ПОДАЈ РАКА – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” успешно реализирана во Охрид
октомври 13, 2022

Кампањата за зголемување на бројот на згрижувачки семејства како и за општо информирање на граѓаните околу процесот на згрижување, успешно помина и во Охрид.

Охрид има 8 згрижувачки семејства со 11 згрижени дечиња. Семејството Крстановски кои 11 години се згрижувачи, љубов и внимание и грижа досега пружиле на 4 дечиња, веќе одгледале и полнолетно момче, а моментално се грижат за три деца. “Да се згрижи дете, кое останало без родителска грижа и нега, е навистина исклучително хуман и благороден чин.” – вели Крстановска.

“Интересот за згрижување постои, но не можеме да кажеме дека е толку голем колку што знаеме дека се хумани нашите луѓе и колку што има потреба општеството да згрижи деца” вели Јасминка Кочанковска, психолог во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства “Битола” под чија надлежност спаѓа градот Охрид.

Градоначалникот Кирил Пецаков од следната година најави финансиска помош за децата во згрижувачките семејства во висина од 15.000мкд, која дополнително ќе се потврди согласно дефинирањето на буџетот за 2023 година.

Социјалните работници велат дека обликот на заштита на децата без родители и родителска грижа преку сместување во згрижувачки семејства е најсоодветен облик на заштита на децата бидејќи се овозможува нивен правилен психосоцијален развој во услови најблиски на семејното опкружување.

   К

 

 

 

 

Oстанати линкови:

11 деца згрижени во 8 згрижувачки семејства во Охрид | Сител Телевизија (sitel.com.mk)

(76) ТВМ Дневник 27.10.2022 – YouTube

Во осум семејства во Охрид згрижени единаесет деца – OhridNews

ohridnet.com – https://ohridnet.com.mk/archives/26880 | Facebook