“ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” во општина Радовиш
ноември 5, 2022


Од посетата во општина Радовиш и општина Конче, кога воедно се прославуваше и денот на ослободувањето на градот Радовиш, стручните соработници и Раководителката на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства СОС Детско село, Александра Ивановски, оствари средба со Заменикот Министер за труд и социјална политика, г. Енвер Хусејин, директорот на Центарот за социјална работа во Радовиш – г. Александар Филев и градоначалникот на општина Радовиш, г. Ацо Ристов, каде заеднички се заложивме да го промовираме згрижувањето на локално ниво.

Стручните лица на терен прибавија контакти од приближно 20 заинтересирани граѓани кои се подготвени да се вклучат во обука за згрижување. Доколку не успеавте да ни се придружите на настанот во Радовиш и Конче, побарајте информации на www.zgrizuvanje.mk и пополнете ја формата, јавете се на телефонскиот број 075/277-447 или информирајте се во подрачната канцеларија на Центарот за социјална работа Радовиш.