Отпочната кампањата “ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!”
јуни 2, 2022

“ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” е има за цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во нашата држава.

Националната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село во соработка со Министерството за труд и социјална политика и локалната власт и со поддршка од Германското Министерство за економски развој и соработка.

Вчерашниот прв настан го означи почетокот на кампањата, а на настанот говореа истакнати личности од областа на социјалната заштита и сите упатија апел до присутните да подадат рака, да ги променат животите на децата и да станат згрижувачи. Бројот на деца без родителска грижа и оние во ризик да го изгубат сопственото семејство е голем и потребни се повеќе згрижувачки семејства за секое дете да може да биде заштитено од насилство и злоупотреба, да има стабилно домување и згрижувач.

На настанот се упати апел до граѓаните да се охрабрат и да го отворат својот дом за децата на кои им е потребна грижа со слоганот ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ.

Истовремено по традиција, со оглед на тоа што на 1ви јуни во нашата држава се обележува и денот на згрижувачите, се оддаде признание за сите 353 згрижувачи за нивната посветеност, љубов, добрина, хуманост и за значајната разлика која ја прават во животите на вкупно 527 деца и млади.

ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ