![]()
Настанот во вид на панел дискусија – трибина “ПОДАЈ РАКА – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ” резултираше со две Згрижувачки семејство кое веќе поднесе документација за згрижување, и 2 заинтересирани згрижувачки семејства кои дојавија свои податоци за подготвителната фаза на процесот на згрижување.
Г. Хекуран Дука, градоначалник на Општина и г. Аријан Ибраим, градоначалник на Општина Центар Жупа ги изразија својата подготвеност за заложби кон внесување на активности и мерки за згрижувачки семејства во општинската социјалната програма за 2023 и упатија повик кон сите жители да се информираат во Центрите за социјална работа и на посочените телефонски линии.
На панел дискусијата ни се обратија и г.Исмаил Месмировски, претставник од Центарот за социјална работа Дебар, кој даде осврт на потребите и потенцијалот на локално ниво, и г-а Јасминка Кочанковска, Психолог во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства “Битола”, која говореше за улогата на Центарот за поддршка на згрижувачките семејства.
Мошне значајно е обраќањето на згрижувачкото семејство во Дебар, г-а Арјана Беќири, која ги сподели позитивните чувства кое згрижувачкото искуство и ги донело.
Проследуваме благодарност до г. Крешник Пачуку, Директор на Центарот за социјална работа во Дебар, како и на тимовите од посочените институции.
Панел дискусијата се одржа во општинската сала во Дебар.










