Постапката за станување на згрижувачко семејство започнува со поднесување на Барање до месно надлежниот центар за социјална работа во општината во која живее идниот згрижувач каде се приложува законски пропишаната документација.
- Згрижувач може да биде само лице кое е полнолетно.
- При изборот на згрижувачко семејство се зема во предвид општата здравствена состојба и подобноста на подносителот на барањето и на сите членови на семејството.
- Згрижувачот е должен на малолетното дете да му обезбеди: згрижување и сместување во семејството, нега, општа и лична хигиена, исхрана, неопходна облека и обувки, грижа за здравјето на детето, грижа за неговиот личен развој, воспитание и образование.
- Згрижувачот е должен да се грижи и за задоволување на етичките, културните, забавните и рекреативните потреби на детето кое е сместено во семејството, како и да ја почитува етничката припадност и верските обичаи на сместеното дете.
- Истовремено згрижувачот е должен да овозможи продолжување на врската на детето со неговото биолошко семејство, доколку го има и таква можност и волја постои, како и да се грижи и да го подготвува детето за средбите со неговото биолошко семејство.
- Детето се сместува во згрижувачко семејство додека не се обезбеди трајно решение за негово сместување, а тоа е да се врати во биолошкото семејство или да биде посвоено.
- Законот за социјална заштита дава право на надоместок на трошоците за сместување на детето и надоместок за згрижување.
- 19.683 денари месечно за дете или 645 денари на ден за дете, кога е згрижено едно дете,
- 17.065 денари месечно за секое дете или 560 денари на ден за дете, кога се згрижени две деца,
- 15.305 денари месечно за секое дете или 502 денари на ден за дете, кога се згрижени три деца,
- 14.041 денари месечно за секое дете или 460 денари на ден за дете, кога се згрижени четири деца,
- 13.089 денари месечно за секое дете или 429 денари на ден за дете, кога се згрижени пет деца.
- 13.209 денари месечно за дете или 433 денари на ден за дете, кога е згрижено едно дете,
- 10.619 денари месечно за секое детеили 348 денари на ден за дете, кога се згрижени две деца,
- 8.878 денари месечно за секое дете или 291 денари на ден за дете, кога се згрижени три деца,
- 7.628 денари месечно за секое дете или 250 денари на ден за дете, кога се згрижени четири деца,
- 6.686 денари месечно за секое дете или 219 денари на ден за дете, кога се згрижени пет деца.
- 25.317 денари месечно за лице со попреченост, кога едно лице е згрижено, односно 830 денари дневно по корисник
- 21.842 денари месечно за лице со попреченост кога две лица се згрижени, односно 716 денари дневно по корисник
- 22.470 денари месечно за дете/лице во ризик, односно 737 денари дневно по корисник
